За Стевчо Јакимовски, три и пол години затвор

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски е осуден на три и пол години затвори поради изградбата на административната зграда на Општината. Основниот кривичен суд во Скопје смета дека Јакимовски е виновен за бесправно градење и за злоупотреба на службената положба. За бесправната изградба на општинскиот објект, му е изречена казна затвор од една година, а за злоупотреба на службената положба и овластување затворска казна од три години.

Со одлука на судот, изградениот деловен објект на Општина Карпош на улица „Радика“ број 9 (барака 1 и 2) се одзема во корист на државата.

Покрај Јакимовски, осуден е и Т.Ѓ. – претходно вработен во Општина Карпош. За кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување, тој доби условна казна во времетраење од две години затвор која нема да се изврши доколку во следните пет години не стори ново кривично дело. Двајцата се задолжени да ја надоместат штетата на државните буџетски средства.

Судската постапка во Северна Македонија траеше повеќе од шест години. Јакимовски изјави дека очекувал ослободителна пресуда. „Хајката се води долго време, да нѐ тргнат нас кои имаме квалитетни школи, а за дојдат со купените дипломи. Тешка е борбата, се бориш против држава, против најсилниот дел, Обвинителството“, вели тој. Јакимовски најави дека ќе поднесат жалба до Апелацискиот суд.

Јакимовски лани се најде на црната листа на американскиот Стејт Департмент.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *