Сутерен.мк

За уплавот од себе-рекламирањето!

Некои гајле немаат да зборуваат и јавно и пред многу публика, па и да лажат без задршка за своите способности и успеси, занемарувајќи го дури и фактот дека има живи сведоци што ќе го потврдат токму спротивното!

Некои пак, колку и да се вредни, способни, талентирани, чесни, лојални и даваат се од себе, имаат и срам и страв да го потенцираат тоа пред други особено, пред непознати! Еве нешто на таа тема…

Марта Бек е социолог, лајф коуч и авторка на Патот на интегритетот. За Hearst Magazines, дели совети и ги одговара најгорливите „што ако?“ прашања што ги мачат читателите. И едно прашање е баш ова – како да не се плашиш од промовирање на сопствената работа?

-Пред две години, дадов отказ и станав фриленсер. Беше огромен ризик, но главно ми е одлично и посреќна сум од кога било. Заработувам повеќе од кога работев со полно работно време, но често сум под стрес затоа што не знам што ќе се случи следно. Ова е делумно затоа што некогаш има, некогаш нема работа во мојата професија. Ја прифаќам речиси секоја тезга, сѐ додека е платена како што треба, без разлика дали ми одговара на распоредот. Немам контрола затоа што се немам ни потрудено и ова е затоа што идејата за самопромовирање ме вади од памет. Не ширам мрежа! Едвај да имам сајт! Избегнувам социјални мрежи! Знам дека ако го средам овој проблем ќе се сменат многу работи: подобро ќе можам да го контролирам времето и финансиите и ќе добијам едно ниво на стабилност во животот што навистина многу го посакувам. Сум се обидела да се присилам, но не ми успева. Како да го надминам стравот да бидам забележана и да преминам на следното ниво?

* Очигледно те бива за тоа што го работиш – инаку ќе беше пепел уште пред месеци, наместо да заработуваш повеќе пари од порано. Честито!

Во однос на стравовите за тоа што ќе биде следно, добредојде во 21 век. Многу одамна кога ја напуштив работата како професор, еден колега ми кажа дека сум будала, затоа што редовен професор е најсигурната работа што ќе ја имам, дури и да ја мразам. Следната година, тој колега (редовен професор) го отпуштија. Поентата ми е дека идејата за „сигурна работа“ е илузија. Промената е константна и сѐ може да се распадне.

Поради ова, повеќето мои клиенти се одлучуваат за некакво микро-претприемништво – да работат нешто што го сакаат, без формална работа. Ова ти два слобода и независност. Од друга рака, значи дека никогаш нема да си седиш во голема организација и да оставиш таа да се занимава со привлекување клиенти или плаќање кирии. Како растењето е – нема родители што ти кажуваат што да правиш, ама нема ни кој да ти го ублажи падот.

Многу фриленсери (меѓу кои и јас) мразат самопромовирање. Можеш да го надминеш ова ако го тргнеш фокусот од продавање услуга или производ и ако го преиначиш да биде услуга или производ што може да им помогне на луѓето на кои им е потребен. Се фокусираш на нивните потреби, наместо на твојата потреба да успееш, и со тоа креираш простор на емпатија каде можните клиенти се чувствуваат забележани и згрижени – бидејќи се. И тоа е најдобар начин твојата понуда да биде навистина атрактивна.

Ако ова не те стави во промотивно расположение, пробај вака – најди пријател, некој драг човек што ќе ти каже зошто луѓето треба тебе да те бараат. Нека те фалат и тебе и работата. Потоа, земи здив, врзи појас и запиши што кажале. И други ќе се согласат.

Прекрасното во она што го правиш е што додека сите влегуваме во несигурна иднина, ти практикуваш вештини што ќе ти помогнат да успееш без разлика што ќе се случи. Како се одмотуваат настаните во светот (индустрии се распаѓаат или се менуваат, планови колабираат) ти добиваш сѐ повеќе јасност за она што добро го правиш и како придонесуваш кон светот правејќи го. Во време кога општествените и економските промени се флуидни како морска бура, секогаш ќе можеш да ја држиш главата над вода.

За повеќе. кликни овде…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *