Сутерен.мк

За што служат ушните школки?

Освен што се идеални за закачување на обетки, имаат ли воопшто друга задача ушните школки? Мислењата се различни. Една од теориите е дека кога нашите предци оделе на сите четири, ушните школки биле поголеми и свртени навнатре за да го штитат ушниот канал. Според една друга антрополошка теорија пак, тие служеле како украс за привлекување на внимание при бирање на сексуалниот партнер.
Сепак, повеќето доктори и биолози на ова прашање за наизглед небитни делови од нашето тело, само слегнуваат со рамената. Ним воопшто не им е важно што не ни е баш секој орган од суштинско значење за битисување и што не исчезнал секој застарен дел од телото штом престанал да биде неопходен.

Објаснувањето е сосема спротивно. Телесните карактеристики на нашите предци се задржуваат, доколку не претставуваат очигледна пречка. Или, како што објаснуваат експертите: природата тежи да ги зачува генетските информации, ако природната селекција не води кон исчезнување на одредено својство. Нашите тела претставуваат своевидни музеи на човековото еволуциско наследство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *