Сутерен.мк

Зборот на 2023-та

Моќта со која вештачката интелигенција го привлече вниманието на човештвото во 2023 година – ако само судејќи според разговорите на тема дали ќе донесе револуционерни добра или ќе донесе апокалиптично уништување – ги наведе креаторите на речникот Колинс да го прогласат зборот „AI“ како „збор на годината“.

Употребата на терминот се зголеми за четири пати оваа година, рече издавачот. Изјавата на Колинс се појави во време кога премиерот на Велика Британија, Риши Сунак, е домаќин на самит за вештачка интелигенција, на кој учествуваат претставници на стотици земји ширум светот.

На него присуствуваат светски лидери, раководители на технолошки компании и истражувачи на вештачка интелигенција, а темата на собирот е како да се максимизираат придобивките од оваа моќна технологија – притоа да се минимизираат ризиците кои доаѓаат со неа.

Во меѓувреме, поранешните членови на Битлси користеле вештачка интелигенција за да го изолираат гласот на Џон Ленон од стара снимка за да ја создадат „последната песна“ на Битлси. Таа треба да биде објавена оваа недела.

Во исто време, друг музички ветеран, Клиф Ричард, објави дека не сака да користи вештачка интелигенција – но во интервју за Би-Би-Си погрешно ја протолкува оваа кратенка како „вештачко оплодување“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *