Сутерен.мк

Исчезнува зборот „нормално“?!

Мултинационалната компанија Унилевер, која произведува стока за широка потрошувачка, најави дека веќе нема да го користи зборот „нормално“ за рекламирање и на пакувањата на своите козметички производи, како дел од својата „политика на инклузивност“, а ќе го забрани и прекумерното дополнително разубавување на фотографиите на моделите.

Многу производи за нега на кожата и косата ги користат фразите како „за нормална кожа“ или „за нормална коса“, а глобалното истражување на Унилевер покажало дека зборот „нормално“ како опис допринесува за многумина да се чувствуваат исклучено.

Во борбата со стереотипите, компанијата минатата година во Индија, називот на својот бренд за осветлување на кожата „Fair and Lovely“ го смени во „Glow and Lovely“ бидејќи наиде на жестоки коментари дека Унилевер ги поддржува негативните предрасуди за темната кожа кај луѓето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *