Сакам да јадам, да пијам, да лежам и гледам телевизија, но некогаш читам и книги. Работам по дома и и се наоѓам на сопругата, но ме удави и таа и докторите со тоа дека ми треба „здрав начин на живот“!
Симе, 45
Симе дарлинг, сте виделе ли некој нутриционист што изгледа добро!? Јас не. Така што, попрво сум за да јадете и пиете она што сакате отколку да се измачувате себе си и психички и физички со рендан зеленчук и топла вода. Обратно, може да ве згази кола па да умрете кај здрав, па и гладен…
(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)