Сутерен.мк

Златен лав за „Настанот“

Филмот „L’evenement“ („Настанот“) во режија на Одри Диван е овогодинешниот победник на најстариот светски филмски фестивал што по 78 пат се одржа во Венеција!

Француската драма, која е најдобриот филм на овогодинешната Мостра, портретира млада жена која сака да ја прекине бременоста за да продолжи со студиите, во време кога тоа значело и казна затвор.

Големата награда на жирито ја освои италијанскиот режисер Паоло Сорентино за „Раката на Господ“, за најдобра режисерка е прогласена Џејн Кемпион (Нов Зеланд) за „Моќта на кучето“, најдобра актерка е Пенелопе Круз за улогата во „Паралелни мајки“, на Педро Алмодовар, а најдобар актер е Филипинецот Џон Аркила за улогата во филмот „On the job: The missing 8“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *