Сутерен.мк

Златко Далиќ: Не сме нормални!

Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ вели дека ова е победа за хрватскиот народ.
Хрватска направи големо изненадување откако го исфрли Бразил од Светското првенство победувајќи го на пенали.

Бразилците беа главни фаворити на овој Мундијал, но си одат дома благодарение на Хрватите кои повторно играат моќно Светско првенство.

„Ова е победа за хрватскиот народ. Секоја чест на дечките. Го исфрливме најголемиот фаворит. Ова е Хрватска. Никогаш не не потценувајте, јас го реков тоа. Ова не е наш крај, одиме понатаму. Ова е победа на Хрватска во која сите дадоа свој максимум. Уживајте хрватски бранители, ова беше и за вас. Ние не сме нормални!“, рече Далиќ.

Јошко Гвардиол

Хрватите се бореа, издржаа без да примат гол 90 минути за да во продолженијата одговорат на голот на Нејмар преку Петковиќ за пенал серија во која момците на Далиќ без извонредни, без ниту едно промашување и заслужено отидоа во наредната фаза на Мундијалот.

Еден од најдобрите на теренот повторно беше дефанзивецот Јошко Гвардиол кој ги искористи социјалните мрежи за да испрати една порака:

-Она што беше Бразил, тоа сега е Хрватска, -порача стоперот кој игра брилијантно во Катар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *