Многу сум друштвена, сакам да муабетам, да се дружам, да споделувам чувства и искуства, ама имам впечаток дека не им се допаѓа тоа на луѓето.
Росика, 29
Росика дарлинг, зборлестите луѓе особено, оние кои сакаат со вас да споделат се нешто и во секое време, знаат да бидат напорни. Мојот дедо велеше дека мирот се постигнува кога на човек еден збор ќе му стане еден алтан. Некои би рекле и дека со насмевка ќе решите проблем, но со молчењето ќе спречите до него да дојде. Поќутете малку, де…
(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)