Сутерен.мк

Знаете ли што е ова?

Иако на прв поглед изгледа дека станува збор за лубеница со криза на идентитетот, станува збор за минијатурен зеленчук што природно расте во Централна Америка, односно во Мексико и Гватемала.

Плодовите се големи околу еден сантиметар, а вкусот им е сличен на комбинација од краставица и лимета. Егзотичната мини-краставица или кукамелонот е повеќегодишно растение од фамилијата на тиквите и расте како ползавец до 150 сантиметри.

Кукамелонот може да се јаде свеж, во салати, сосови, да се додава на коктели, термички да се обработува или закиселува како туршија. Овој зеленчук е богат со витамини и антиоксиданти и се конзумира зелен, како и краставиците. Зрелите плодови не се јадат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *