Сутерен.мк

Знаци дека мажот не ве сака

Познатиот руски психолог Ана Кирјанова издвои очигледни сигнали кои укажуваат дека сопругот не ве сака.

Не ве сака ако не ве прегрнува спонтано, не разговара со вас за ситници, не ви се јавува за да ве слушне како сте во текот на денот.

Не ве сака ако не може да сметате на неговата помош, кога мора да се грижите за него како да е дете од пет, а не маж од 45 години.

Не ве сака кога ви се потсмева, кога не ве забележува ниту вас, ниту трудот и работата што ја правите. Кога ви кажува дека јадете премногу или дека не ја јаде храната што ја готвите бидејќи е навикнат на друга.

Не ве сака кога постојано ви се меша во тоа што го работите или правите, неговите одлуки ги подметува како ваши, кога ви вели дека зборувате глупости, дека не размислувате со свој памет, дека сте глупава ако мислите така.

Не ве сака кога ви вели дека вие сте виновна. Не ве сака кога не го одобрува тоа што правите или зборувате.

Не ве сака бидејќи секое „те сакам“ мора да го молите од него.

Ако сопругот не ве сака, со текот на времето може да станете несреќна, скршена, плашлива, непривлечна жена бидејќи тоа се случува со жената која има недостиг на љубов во животот, смета психологот.
Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *