Сутерен.мк

Зошто бебињата трепкаат поретко од возрасните?

Бебињата трепкаат многу поретко од возрасните – еднаш или двапати во минута. Трепкањето ни служи за солзите да се размачкаат по површината на окото. Кај возрасните зачестеноста на трепкањето прилично варира, а може и драматично да се зголеми доколку се допре рожницата, се исуши окото или се надразни, ако во него влезе страно тело или при силни емоционални реакции.

Офталмолозите за ова имаат разни теории, но мислењето кое главно преовладува е дека кај бебињата нервните структури на окото се многу понеразвиени отколку кај возрасните. Тие во текот на првите месеци од животот речиси не ни произведуваат солзи, па логично е дека се имуни на проблемот со суви очи, што им пречи на возрасните кои не трепкаат доволно често.

Е сега, сосема е нејасно зошто очите на бебињата не се сушат! Секако, тие поминуваат многу време спиејќи, така што и она малку слуз што ќе се произведе доволна е за навлажнување на предната површина на окото т.е. рожницата.

Некои офталмолози нагаѓаат и дека бебињата поретко трепкаат затоа што кај нив емоционалниот фактор е многу помалку изразен. Можеби и навистина е така, но да ги видиме истиве да ги убедат родителите чие дете со часови плаче без никаква видлива причина, дека стресот не е главен дел од бебешкиот екосистем!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *