Сутерен.мк

Зошто ги (се) кријат заразените?

Знам дека ве интересираат повеќе други теми (ве следев редовно и во „Теа модерна“, но навистина ме интересира став од некој релативно, објективен: „Зошто ги кријат, па и сами се кријат заразените од коронавирус?“ Добро, знам дека сме сељачка, со многу „угледни“ средина, ама па, Боже мој, за кламидија отворено зборуваат, а за вирусов недоветни скроз се праат!?

Негативна

Негативна дарлинг, како што и самата кажавте, ова е сељачка средина! Распослан е сељачизмот на нешто над дваесетипет илјади квадратни километри!? Вау, кое е тоа пространство!? Што значи, мора да се судриш со него (пештерството) очи в очи, веднаш и без предупредување!

Во Скопје (кој нели, метропола е и има проблем со провинцијалците) на секој звук на сирената на брза помош, сите излегуваат на тераса, за да видат на која адреса се паркира возилото! (Ова ви го зборува некој, кој повеќе од три децении живеел во строгиот „центар на Светот“.)

Што ќе рече, и во „нормални“ услови едвај чекаат да те стигматизираат!
Затоа и почнуваат да се кријат податоците. Што секако, има контраефект – луѓето се чувствуваат безбедно, па се понашаат ноншалантно, па имаш двесте лица заболени на ден!

Така умираат и млади луѓе: не се јавуваат на време! Од страв од отфрлање од заедницата, од самоувереност, незнаење, погрешни информации… Упатените велат дека таквите, ќе ги стават на респиратор, ги хранат со лекови, крвната слика им е перфектна, а веќе петиот ден им откажуваат бубрезите…

Долга и широка е тоа дека луѓето се плашат од болести и непознатото/невидливата закана. И дека првото ниво на прифаќањето на лошите вести е негацијата. После, доаѓа дека треба да одлучат: за себе, за најблиските… Тоа тешко им паѓа на сите кои си го оделе животот „лаганица“. (Под „лаганица“ не подразбирам богаташи, туку личности кои не превземаат одговорност за ништо, што им се случува во животот.)

За жал, мнозинството од планетава ја сочинуваат луѓе кои работите ги гледаат црно – бело (не мислат логично и најчесто се водени од инстинкти и нагони. Една од последиците е и барањето на заеднички непријател особено, во несигурни времиња.) : или е во прашање тотална катастрофа (теорија на заговори, пророштва…), или сосема наивна ситуација (теорија на заговори, пророштва…)!? Секако дека ниту едното, ниту другото е точно!

Мене ми е многу смешно: „Ем нема коронавирус, ем не кажувам дали сум јас или некој друг, заразен од истиот!? Не се тестирам, ама сакам да знам каде има заболени!? Не се вакцинирам и никој не треба да се вакцинира, ама да ми ја вратат слободата на одлучување и антибиотик да ни дават онака, на рака!? Бил Гејтс да ги повлече сите програми! Што ќе правите со таблетите на Мојсеј ич, не ми е гајле!?“

Некаде помеѓу е вистината, а таа е дека – заканата е присутна! И, не е диригирана од човек!

Како да им се каже: коронавирусот не дискриминира ни по пол, ни по возраст, ни по националност, години, Углед (добро, сеа некои си зголемија популарност на сметка на пандемијава – нека им е алал!), пол, општествен статус, здравствена состојба (да, ни по здравствена состојба!), политички убедувања…

Зошто некој, нешто крие? Од несигурност. Лична, општа, општественa, невладина, партиска…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *