Сутерен.мк

Зошто мора да се протресе дезодорансот?

Кога би можеле да ѕирнеме во шишенцето од дезодорансот, би виделе дека неговите состојки воопшто не се распоредени рамномерно. Гасот што помага во распрснувањето не е растворлив и затоа не се ни меша со активните супстанци.

Во шишенцето на спрејот обично се формираат три или четири слоеви. На врвот е јагленоводородниот гас кој го потпомага распрснувањто. Останатите состојки, како што се солите на алуминиум, средството за омекнување на кожата и парфемот, исто така си го бараат своето место. Со протресувањето на шишето овозможуваме при прскањето да се исфрли задоволителна количина на секоја состојка.

Трудот што го вложувате во клацкањето на дезодорансот секако дека е вреден за восхит, но кусото прскање на јагленоводородниот гас едноставно, не е доволен за да го реши проблемот со непријатниот телесен мирис. Ви текнува нели!?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *