Сутерен.мк

Зошто нашиот потенцијал останува нереализиран?

Има повеќе причини зошто некоја идеја или цел не можат да се реализираат и голем број се надворешни, па не ни можеме да ги контролираме, но постојат неколку што се само наша одговорност.

Секако дека никој намерно не се саботира себеси, но ефектите се исти, сеедно што станува збор за сосема несвесни кочници.

Недостаток на амбиција

Не станува збор за желба по пари или слава, туку за конкретна цел до која сакате да стигнете. Постигнувањето личен успех бара контрола врз процесот, планирање и фокусирање. Секако, колку и да „лутате“ секогаш е можно да се вратите на колосекот – почнете со мали и краткорочни стремежи, кои подоцна ќе ги прилагодите на очекувањата и можностите.

Презафатени сте

Човек лесно може да се оптерети со обврски кои и баш не се многу битни, а кои одземаат многу време и енергија. Направете пауза, распоредете ги приоритетите според вистинската важност и по клучните ефекти што ги имаат врз вашиот живот.

Се потценувате

Многумина својот потенцијал не го искористуваат затоа што едноставно, не го ни гледаат. Наместо себеси да си речете дека сте неспособни и да и се препуштите на „судбината“, замислете се дека сте успеале во нешто. Никогаш не може да знаете што ќе се случи, ако не пробате.

Страв од успех

Тоа е всушност, страв од следниот чекор кога ќе достигнете некоја цел, страв од промени, од сооќување. Поради тоа се случува да останеме во зоната на комфорот, но треба да се натераме барем еднаш да не се плашиме од својот успех.

Премногу размислување

Неретко, од премногу размислување дали нешто да се направи не ни почнуваме. Претераното вагање на околностите и можностите за да се отстрани секое изненадување троши многу енергија, па на крајот остануваме исцрпени без волја за никаков потег. Точно е дека понекогаш треба човек да се откаже од плановите или да ги промени, но премногу анализа ретко кога носи нешто корисно.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *