Сутерен.мк

Зошто некои не се заразија со Ковид-19?

Додека милиони луѓе ширум светот се соочиле со инфекција на Ковид-19, други изградиле свој имунитет по пат на вакцина, но сè уште постојат и луѓе кои досега не се заразиле со инфекцијата!

Не постои официјална причина зошто некои луѓе можат да бидат отпорни на инфекцијата на Ковид-19, дури и доколку имале близок контакт со заразена личност.

Меѓутоа, ново истражување би можело да го расветли прашањето во одредена мера.
Можно е да е тоа поврзано со реакцијата на нивните Т-клетки, бели крвни зрнца во нашите тела кои ни помагаат да се бориме против инфекциите, поради претходна изложеност на други корона вируси, како што е и обичната настинка.

Истражувањето сугерира дека Т-клетките кои настанале кај некои луѓе во текот на борбата со настинка, можат да се активираат кога вирусот ќе биде во телото. Тоа им помага на луѓето да го „исчистат“ вирусот од телото пред истиот да направи сериозна штета.

Се смета дека истражувањето би можело да се користи за правење нови вакцини кои ќе се фокусираат на Т-клетките, наместо на антителата, што потенцијално би можеле да дадат долготрајна заштита.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *