Сутерен.мк

Зошто не гледаме мртви птици?

Секој ден гледаме по стотина птици. Понекогаш ќе видиме некоја удрена од автомобил, но речиси никогаш не гледаме птици што умреле од природна смрт. Зарем никогаш не се судруваат во лет? Заминуваат ли можеби на посебно место за да умрат?

Звучи неверојатно, но приците немаат некое одредено место за умирање. Главната причина што не се среќаваме со нивните мртви тела е затоа што другите животни ги јадат. Иако ова звучи како окрутна судбина, тоа е сепак, чудесна ефикасност на природата. Штом птицата престанува да функционира, се претвора во скапоцено гориво за кучињата, мачките, стаорците, инсектите, па дури и за бактериите.

Орнитолозите сметаат дека постои мала веројатност птицата да загине при летање и дека такво нешто се уште не е докуметирано. Тоа евентуално, би можело да се случи на преселниците додека летаат над океан, далеку од извор на храна или погодно место за одмор. Болните птици обично, не се ни обидуваат да полетаат.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *