Лошите одлуки и грешки водат најчесто до неуспех кој, од друга страна, може да ве научи на вредни животни лекции. Освен тоа, истражувањата покажале дека лекциите на кои ќе ве научи неуспехот можат да бидат клучни за вашиот долгорочен развој.
Секогаш кога размислувате за вашите недостатоци ви се укажува можност да станете помудри и емпатични. Меѓу другото, потребно е сила за справување со неуспехот. Па зошто тогаш би зажалиле за одлука која ве направила посилни?
Неуспесите и грешките од минатото можат да ви помогнат да сфатите што ви е важно во животот. Наместо инстинктивно да ги следите нештата или под влијание на другите, неуспехот и жалењето можат да ве поттикнат да размислите што е она што посакувате.
Сериозните грешки кои можат да доведат до тешки последици можат и негативно да се одразат врз вашите емоции. Не е лесно да се прифати неуспехот, особено доколку сте вложиле голем труд за да ги постигнете вашите цели. Тоа најчесто води кон појава на емоции како тага, гнев, стрес, срам, разочарување…
Бидејќи сите овие емоции можат да бидат прилично болни, повеќето од нас ќе се обидат да ги избегнат или да ги потиснат. Иако на почетокот ќе се чувствувате обземени од тежината на вашите неуспеси, сепак на крајот ќе научите како да управувате со вашите емоции.