Сутерен.мк

Зошто се гасат светлата во авионот?

Пилотите (а уредникот на овој сајт познава поприличен број од нив) обично се зафркаваат (а баш и не секогаш) дека „доколку светлата во авионот се изгаснат, значи дека екипажот прави забава во пилотската кабина“!

Колку и да звучи оваа „сентенца“ возбудливо, не е тоа што не интересира во моментов.

Светлата во патничката кабина се гасат два пати во текот на летот. Додека авионот е се уште на пистата, струјата за осветлување и вентилација доаѓа од помошен извор. Кога моторите ќе се вклучат, авионот се префрла на електричната енергија што се добива од работата на моторите, а помошниот извор се исклучува (тоа е првиот пат и трае многу кусо).

Она пак, подолгото пригушување на светлата при полетувањето, нема никаква врска со техничките или било какви други проблеми. Стујардесите намерно го намалуваат осветлувањето за патниците при полетувањето да имаат што поубав поглед на надворешниот свет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *