Сутерен.мк

Зошто се добри сардините?

Сардините природно имаат две клучни хранливи состојки што помагаат нашите коски да останат силни. Коските на сардините (кои се јадат) се одличен извор на калциум, што е одлична вест за нашите коски. Освен ова, сардините содржат и многу витамин Д.

Нашето срце ќе ни биде благодарно доколку конзумираме почесто сардини, затоа што оваа риба е богата со омега-3 масни киселини. Го намалува холестеролот, ризикот од воспаленија и развојот на срцевите заболувања.

Една конзерва на сардини содржи и дури 343 проценти на нашите дневни потреби од витамин Б12, кој е многу битен за нивото на енергија во нашето тело. Експертите велат дека две порции сардини од по 175 грама е сосема доволна количина за една седмица.

Извор…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *