Сутерен.мк

Зошто Шарлин е „најтажната принцеза на светот“?

Таа е одлична поранешна олимписка пливачка, а тој син на холивудската икона Грејс Кели, роден во кралското семејство на Монако. Па така, бракот на Шарлин Витсток и принцот Алберт од Монако беше потенцијална љубовна приказна од бајките. Но, уште од нивната свадба вредна 53 милиони фунти пред 10 години, двојката е континуирано опкружена со скандали!

Шарлин (43) помина шест месеци во Јужна Африка борејќи се со тешка инфекција на увото, носот и грлото, откако отпатува таму за нејзината филантропска и конзерваторска работа и ја пропушти 10-годишнината од бракот и првиот ден на нивните деца на училиште.

Се шпекулираше дека нејзиното заминување се совпаднало со несогласувањето со нејзиниот 63-годишен сопруг, поради обвинувањата дека тој ја изневерил, но Алберт инсистираше на тоа дека нема проблеми во нивниот брак.
Минатата недела принцезата ги пропушти и прославите за Националниот ден на Монако и беше примена во установа за лекување поради неразоткриени медицински проблеми и значително губење на тежина.

Принцот Алберт беше сликан сам на балконот од нивната палата со нивните шестгодишни близнаци принцот Жак и принцезата Габриела, кои држеа табли на кои пишуваше „Ни недостигаш мамо“.


Од моментот откако се заедно, не беше тоа лесна врска: Алберт призна дека има деца од вонбрачна љубов и се ширеа гласини дека Шарлин се обидела да побегне пред денот на нивната венчавка.
Пред да се ожени со Шарлин во 2011 година, Алберт имаше репутација на „плејбој принц“. Тој наводно излегувал со низа убавици, од супермоделот Клаудија Шифер и пејачката Кајли Миног до ќерката на Бонд актерот Роџер Мур, Дебора.

Двојката првпат ќе се сретне кратко по Олимписките игри во 2000 година, кога Шарлин, тогаш 22-годишна, беше петта во штафетата 4×100 метри мешано пред да победи на 200 метри грбно на друг настан во Монако.

Се вели дека парот се поврзал поради нивната љубов кон спортот, а самиот Алберт се натпреварувал како дел од боб тимот на Зимските олимписки игри во Монако.

Тие ја официјализираат својата романса во 2006 година, таа се откажува од пливањето во 2007 година и на 23 јуни 2010 година ја објавуваат својата свршувачка – Шарлин носи веренички прстен со дијамант во форма на бадем.
Но, „плејбој“ минатото на принцот Алберт полека започнува да му се одмаздува.

 

Во 2005 година тој призна дека станал татко на син – Александар Грималди-Кост, кој сега има 18 години, со стјуардесата на „Ер Франс“, Никол Кост.
Една година подоцна се дозна дека тој имал и вонбрачна ќерка, Јазмин Грејс Грималди, сега 29-годишна, со американската агентка за имоти Тамара Ротоло, која поднела тужба за татковство уште во 1992 година.

Минатата година принцот се соочи со трета сага за вонбрачно дете кога една Бразилка тврдеше дека Алберт е татко на нејзината 15-годишна ќерка – обвинувања кои тој сè уште ги негира.

Принцот поднел барање за „суверен имунитет“ во судската битка за борба против тврдењата, кои неговите адвокати ги опишуваат како „измама“.


Откако ја објавија нивната свршувачка, денот на нивната венчавка една година подоцна беше раскошен тридневен настан со листа на гости преполна со ѕвезди, меѓу кои и принцот Едвард и Наоми Кембел со 59-годишниот руски имотен тајкун Владислав Доронин под нејзината рака.

Шарлин блескаше во фустан на Армани, извезен со 40.000 „Сњаровски“ кристали, но не престана да плаче.
Француските весници тврдеа дека таа се обидела да побегне во Јужна Африка, каде што пораснала (а родена е во Родезија), дури три пати пред да се случи големиот ден!

Шарлин подоцна изјавува во интервју за „Тајмс“ дека сè било толку поразително и сите тие измешани емоции поради гласините и ја зголемиле тензијата, што ја натерало новата принцеза на солзи!
Сепак, светските магазини тврдеа дека се работи за договорен брак.

„Алберт избра сопруга која личи на неговата мајка, а Шарлин очигледно се чувствуваше многу лошо во оваа улога на Грејс Кели што сите сакаа таа да ја игра!“, беа цитатите во тоа време.


Подоцна принцот Алберт призна дека медениот месец бил поминат во посебни хотели, наведувајќи „практични причини“, додека принцезата Шарлин признава дека се чувствува „многу осамено“ во Монако.

„Шарлин ќе мора да создаде легитимен наследник. Тоа е главната причина за овој чуден брак. Штом ќе се обезбеди сукцесијата на династијата, секој од нив може повторно да биде слободен. Разводот е традиција во семејството Грималди“ пишуваа париските таблоиди.
Иако двојката има наследник во ликот на нивните шестгодишни близнаци, тие допрва ги разгоруваат гласините поврзани со нивен развод, кој сè уште се нема случено.

Да, тие живеат релативно одвоени животи, при што Шарлин вели дека претпочита да живее во стан над продавница за чоколади отколку во кралската палата, а принцот Алберт редовно е прикажуван како сам ги извршува кралските ангажмани.


Во декември, Шарлин се појави со драматична, избричена фризура!
Во мај, Шарлин отпатува во Јужна Африка за да ја подигне свеста за ловокрадството на носорози во Танда Сафари во КваЗулу-Натал, но не се врати шест месеци.
Иако постои загриженост за нивната врска, најголемата грижа е за самата Шарлин, која беше примена во болница во септември откако колабираше и беше снимена како изгледа загрижувачки изнемоштено.
Шарлин сега се одмара во непозната установа за лекување надвор од Монако.
Се шпекулира и за наводна нејзина љубовна афера со милијардерот Доронин, но Алберт беше категоричен дека работите се во ред меѓу него и неговата сопруга.
Некои велат дека овие последни неволји се доказ за проклетството кое тврди дека „никогаш некој Грималди нема да најде вистинска среќа во бракот“.

Легендата вели дека принцот Рение Први киднапирал една Фламанка во 13 век, која ги проколнала него и сите негови потомци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *