Сутерен.мк

Игор Пачемски: Гордана….

Самото име Гордана ми е малку смешно. На името ништо не му недостасува, мене ми недостастува зрелост.

Името Гордана за мене е меланж од Грдана (Maleficent) од Трнорушка (секако посрбена), од фактот дека Горда на шпански значи подебела и од двајца мои небитни роднини…

Една назална учителка по историја од Битола со муфљуз маж и една далечна роднина од Перт која во 1983-та ни дојде на гости, носејќи од Австралија ЈОРГАН (нахнадно заборавен). Истиот јорган, беше причина за семејна кавга, кога Невена Пачемска со цел памет се затрча во пошта со јорганот (под мишка ли, на самар ли) да го праќа по DHL или некоја меѓународна пошта назад во Перт, за да биде замолена од службеникот да исчезне од пошта со се јорган и нашето чесно (читај: уважено, дека од тие сме) семејство да добие жиг јорганокрадци во некој си клуб во дијаспората, орајт?

Актуелната Гордана ја изгласаа пола милион луѓе. Значи, дама по мерка на народот. На знам кој дел од гласачкиот корпус би ги разбрал нејзините китњести, игриви ораторски вињетки зачинети со глума на доајен на еден театар во провинција, кој(а) ја доминира гримиорната, но ете, избрана е.

Гордана наводно, родена во Скопје, се материјализира во Охрид, во велелепна куќа, која наводно припаѓа на турски пријател и кои нејзиното семејство за време на Информбирото, УДБА и што ли не, ја добива како резиденција.

Како дама, секако дека има право да ги крие годините, но како службеник на државата, кој работи во интерес на народот, секако дека не. Нема што тука да инсинуриам. Привилегијата од самиот старт, зачинета со транзициски марифетлаци на сопругот (и врапчињата знаат за задругата  фришоповите) теоретски би требало да ја направи непријател Број еден на партијата која безусловно, застана зад неа. Истата партија која го обвини Стево со станот во Автокоманда за елитизам.

Да почнеме од мојот домен, модата. Претседателката има penchant за силни пастели, посебен впечаток ми направи “мариголд” сакото и стилот и гравитира од лоша копија на марамите на Кипријанова од 90-тите, до некои недоразбрани референци на кралската мода (боите би можел да ги видам само на Елизабета втора). Тука е и нејзиниот „момент“ на првиот собраниски спикер, но и оној на пензионерка која пазарува во Веро Тафталиџе (ерго, богата локална баба).

Треба секако да разбереме дека УКИМ не е светската политичка сцена и тука се бара една итна и брза интервенција. А инаку е убава, држеча и ова лесно се средува. Да продолжиме со контраиндикациите во нејзиниот наратив дома и во странство.

Го ислушав целиот говор на Силјановска на Самиот за Украина. За годините, зборува (или барем чита) солиден англиски. Не можев да не направам “juxtaposition” меѓу неа и Гиоргиа Мелони, двете демористијанки и десничарки, барем што се однесува до партијата која ја поткрепи Гордана. Малони беше полна со факти и бројки, сурова, калкулирана и секако, доста убедлива во отсликувањето на напорите кои Италија ги направила со цел да и помогне на Украина.

Говорот на Гордана беше во најмала рака, комичен.

Се заблагодари на организаторите на прекрасната организација. Малтене, по пет банки да им дадеше да и го истимарат коњoт.

Потоа, почна една ода кон Украина, полна со наратив од абецедар на демократијата и политичка коректност, за лошите Руси кои ја напаѓаат милата Украина, со неизбежната референца на “For whom the bell tolls”, сето тоа изведено со семи-елоквентно читање, театар и со голема доза ораторски китенки и мартенки за кои мислев дека нема да биде во состојба да ги преточи во странски јазик, но ете, можела.

Крајното лицемерие на овој говор нема како, а да не ме наежи in extremis, бидејки е сосема јасно дека освен видливото крило на зборнаја, Левица, кампањата на мадам беше доста солидно финансирана од матушка.

Однесувањето беше слично на силеџија кој ја млати сопругата дома, а пред гости ја штипка и и вика буцо, мацо, мицо  etc, додека таа ги крие модринките од давење, со ролка. Маца/мица во случајов е Македонија, за тие што не разбрале. И дали ова ја прави Силјановска Мефистофел?

Да, но само до моментот кога ќје ви текне дека нешто тука не е во ред. Дека не се работи за перде/катаракта за поглед кој многу често кај лица од нејзината возраст знач нешто друго, нешто тажно и нешто што гради ѕидови на изолација околу таа личност. Знам дека многу од вас ќе скокнат и ќе кажат, Бајден.

И секако, тука има многу сличности. Освен една…

Бајден околу себе има екипа која никогаш не би го оставила сам, пред ѕид, изложен на камери и видно вознемирен. Тоа во мене разбуди доста контрадикторни чувства. Имам витална мајка која е 7 години постара од Силјановска. На неа го забележувам забот на времето. Тоа ме плаши, иако за среќа е ментално поагилна од мене. Но не можев, а да не повлечам паралела.

Тоа се две жени во слични години, сличен социјален статус (Веро и марамите), но едната живее на имот на село, другата ја води државата (макар и про-форма, поради речиси, церемонијалната улога на претседателот во МК).

Од една страна гледам претставничка на мојата демографска средина, која на чуден начин ме потсеќа на мајка ми, од друга страна гледам вешт оратор, но објективно, млатач на празна слама и од трета, гледам некој кој фатил да сади тикви со ѓаволот.

Која е вистинската Гордана? Каква позиција, како демохристијанка, ќе завземе за правата на жените во текстилот? За маргинализираните жени како Ромките во Шутка или било која жена во назадни, рурални заедници?

Што ќе направи апропо мешањето на МПЦ во основните женски права? Дали ќе отиде на Pride-от? Дали ќе го вразуми Мицковски? Дали воопшто, ќе се обиде да направи нешто или ќе гледаме куклен театар во неблагодарни пастели? Како што би рекле Англичаните, I will eer on the side of caution и не би очекувал ништо.

Ова е само едно поишлифувана верзија на Данела, елоквентен Тројански коњ преку кој една назадна, перфидна политичка структура ќе не јава со години.

А верувајте, многу би сакал да ме побие со дела. Прв ќе излижам каде што сум плукнал. Но се помалку се надевам…

Можеби е до годините….

Можеби до искуството…

(Авторот знае да го реши Шродингер за Јаглерод 6, но одбра да црта гаќи. Горд татко е на 3 мачки и луда папагалка со субмисивен дечко папагал. Лош шеф и сопруг на една измачена бугарска мечка. Многу чкарт педер, кој пие, арчи и се тепа.)

*Мислењата изнесени во текстовите се лични коментари на авторите и не го претставуваат ставот на сајтот сутерен.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *