Сутерен.мк

Игор Пачемски: Македонки во облаците

Откако мојата „Кармен“ беше оквалификувана како модна критика (од еден ќелав музиколог кој се плаши од сопствената сенка, па сервилно и подгрбавено се клања на Македонската музичка аристократија, како Господинот Колинс на Лејди Катрин де Бург во „Гордост и предрасуда), а модните новинарки во поодминати години повеќе сакаат да бидат „Семе Синапово“ и лајфкоучи во нивното огромно Брчко-Бановиќи-Крива Паланка искуство, еве, дојде мој ред конечно, да напишам колумна во мојата зона на комфорот! Алишта, гардероба, руби, дрехи!

Пред се, не со идеја да ги терам Македонките да имаат 16 килограми и да се облекуваат во Гучи, туку да им ги посочам лошите модни навики, стекнати со години во средината без модна критика, без вистински модни новинари, списанија, дизајнери и бутици.

Во морето лоши молови полни лиценцирани моно-бренд хорори, Македонката од ерата на „Југоекспорт“ немала можност да се соочи со концептот на “edit”. Што ќе рече, селекција на парчиња, интелигентно направени со фокус кон одредена демографска категорија, каде што клиентката ќе има можност да изгради функционална гардероба, почнувајќи од модуларна капсула од клучни парчиња кои се комплементарни и лесно се комбинираат и да ја надоградува до некое ниво на култивација.

Во Скопје добро облечените жени се бројат на прсти. Концептот на “une femme bien entretenu” во нашата земјичка се толкува како монструм со надградена коса, пневматско деколте (платено, секако), шминка на трансвестит и некоја проклета фикс идеја дека Мајкл Корс е врвот на елеганцијата на чантите?! (Србинка која мете по Виена, штеди две години да си купи ваква, па во Лајковац да е главна.) Тука не зборувам за Мелита/Лила морници, на кои секако местото им е на бугарска мафијашка маса пред едно 20 години. „Аз много харесвам дреите на Лјуиз Витон“, небаре им се слуша од крабестите усти!

Нејсе. (Патем, зборов „нејсе“ треба да умре од рак, сосе „пулејки“.) Првата лекција што Македонките треба да ја научат е облекувањето за во авион. Со жалење можам да констатирам дека ужасите кои беа во авионите на Балканот во 90-тите, сега се во авионите кои летаат од Скопје, кон нанадвор и се поприлично, забетонирани! За шминката, секој муабет е излишен: трошки од маскара, ајланери, креон на долен капак, исцртани рабови на усните. Модни faux pas кои се уше премногу често ги гледаме.

Ако треба да инвестирате во едно меѓународно одобрено парче мејкап, нека да биде Touche Eclat  од YSL и секако, добар спреј за норосување на лицето. Evian, ако сте буџетари, а Malin + Goetz, ако сте финансиски полежерни. Средена коса (не фризура како на Тула Портокалос), а ако имате bad hair day, фин шешир од фелц никогаш не е на одмет.

Сега, да се фокусираме на најголемиот проблем на нашата жена – капутот. Палтото. Во зима сиромаштијата вреска. Најмногу се познава. Како да бидете модно “inconspicuos” можеби е врвниот дострел на аеродромската Македонка. Пред да навлезам во “палтото” ве молам, Гортекс јакни ве прават да личите на лезбејки од Петулама кои дерат верверички со заби, а велурни тренерки со Ира Ештрефи „Бон Бон“ јакна на Ромки што се враќаат во Хасково после сезона на чистење (крадење) во Alicante. Ви го претставувам неговото височество – „камел“ палтото. Сликите се од Масимо Дути и Зара, бидејќи ги имаме тука.

“Double breasted” или палтото со дворедно закопчување е идеално инвестициско парче. Во Зара го имате за околу 100 евра (во микс на волна и акрил) и во секој случај, ќе ви помогне да се де-боратизирате.

Ако сте природна црвенокоса или блондинка, овие две бои добро би ви стоеле. Ова е палто за модна верзија 2.0. Исто така, влакната на блондиката или црвенокосата, ненормално се познаваат на црно палто. Така што, овие се опциите:

За жените кои сакаат да бидат бизарен микс на музи на Poiret и на Руски олигарх, Зара има лимитед едишн палта од 300 евра. И мојата циганска рака би полетала кон овие светкави креации, ама со гаранција! Македонката кои ќе го облече ова во авион ќе се однесува како да носи Dries van Noten за 1 500 евра (во најмала рака) или Баленсијага за 20 000 евра, па пак ќе и се смеат. Но! Ова би било одлично палто за во опера, со црн коктел фустан и за таква прилика баш, би го препорачал!

Овие две кул палта се во македонската интерпретација на екс – Ју атавзими: “рибина кост” кое за жал, мора да е од многу скапа волна за да изгледа добро и долгото црно палто со златни копчиња, кое кај нас го носат Снежани и Славици, цицајќи низ нивните расипани заби чад од меко „бос“, мислејќи како некогаш, правеле мостови во Академија на Baila Me.

Што друго е потребно? Добро скроени сиви панталони ала Joseph или трико здолниште. Внимавајте со зимски пастели, за да не се добие ефектот „Данела“!

Од обувки, секако Todd’s се надвор од нашиот буџет, како и “Chelsea boots” на Bally, но добра копија на истите ќе ви заврши работа. Како и добра чизма, со коњанички детали, а ла Ралф Лорен.

Et voila. Веќе не сте простачка.  Без денешни еквиваленти на Жужи Јелинек, Мирјана Мариќ и бардови на модното новинарство како Ѓурѓа Бартлет од „Свијет“, нашата жена оддамна нема моден компас. А дамите кои се 45+, кои се повеќе имаат деца во странство и како средовечни, се почесто патуваат според мене, треба кон “аеродромската униформа” да пристапат токму вака. И вашите деца во странство ќе ви бидат благодарни. А, и јас…

(Авторот знае да го реши Шродингер за Јаглерод 6, но одбра да црта гаќи. Горд татко е на 3 мачки и луда папагалка со субмисивен дечко папагал. Лош шеф и сопруг на една измачена бугарска мечка. Многу чкарт педер, кој пие, арчи и се тепа.)

*Ставовите изнесени во колумните се лични мислења на авторите и не го претставуваат ставот на сајтот suteren.mk.

 

2 thoughts on “Игор Пачемски: Македонки во облаците

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *