Сутерен.мк

Игор Пачемски номиниран за Маж на годината

Еден од настаните што се одржува во Македонија посветен на успехот и традиционалните вредности,  „Мажи на годината“, петти пат по ред во организација на  Џентлмен Магазин и Фрајдеј Комуникации,  ќе се одржи последната недела од овој ноември, месец посветен на машкото здравје.

Меѓу номинираните е и Игор Пачемски, светски познатиот дизајнер на женска долна облека и колумнист на suteren.mk.

Овој несуден квантен хемичар, ќе се занимава со банкарство, комерција и продажба на корсети од 2 000 фунти во култниот лондонски бутик „Коко де Мер” каде што уредничката на „Вог“ се јавува за совет, за конечно во 2004 година да го создаде својот легендарен бренд Yes Master што ќе му донесе клиентела од Европа,  Азија и Америка, меѓу која има имиња како Кира Најтли, Сиена Милер, Џеки Колинс, Парис Хилтон…

Години подоцна, ќе ја создаде и линијата Noblesse Oblige.

Креациите на Пачемски од свила, свилен сатен и жерсе, се продава во луксузните стоковни куќи „Њуман Маркус“ и „Харви Николс“, во ексклузивните бутици и во 25 најдобри бутици на „Викторија сикрет“.

А неговата долна облека ја носеше и кралицата Елизабета Втора на свеченостите по повод нејзиниот дијамантски јубилеј – 60 години како монарх, во Лондон.

Негови денешни клиенти се необични и обични, непознати и познати жени, како Леди Гага, Скарлет Јохансон, Викторија Бекам, Ким Кардашијан…

За дизајнерот Игор Пачемски, кој е исклучителен спој на Оскар Вајлд, Стивен Фрај, Далида и „избацивач“, можете да гласате (до 20 часот вечерва) на следниов линк:

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=566287082169258&set=pb.100063639127265.-2207520000.&type=3

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *