Сутерен.мк

Игор Пачемски: Се’ наопаку

Во Англија десницата значи стари пари. Во принцип. Луѓе што не купуваат мебел, туку го наследуваат.

Левицата е малку полицемерна, гравитирајќи околу champagne социјализмот на New labour во Ислингтон и Tuffnnel Park (нормални сме, ама куќите ни се по четири милиони и имаме по некоја Julian Opie скулптура).
Во Македонија, оригинално обратно.

Старите пари (барем во ex – Yu контекст) од Тафталиџе, СДСМ. Урбаните паркови на Аеродром, ДПМНЕ. Сега, секако не се знае кој пие, кој плаќа, но од самиот почеток имаше нешто фундаментално погрешно со црвената буржоазија и десницата заглавена под стаклениот плафон на урбаната хиерархија. Ерго, од почеток ја заебавме.

Нема да зборувам за изборите. Се е јасно. Овие нови реинкарнации на партиите не се битни. Што е, тука е. Лукавата баба победи. Чесниот нефинансиран кандидат со крстот на чело изгуби. Место прва дама, добиваме прв господин, и тоа со какво транзициско педигре. Нејсе.

Немаше да пишувам. Реновирам стан во СК. Што ќе ми се повеќе непријатели? Ќути си. Наведната глава…

Сепак, две работи, бизарно ме разбеснеа повеќе од IQ-то на просечниот Македонец.

Прво, Радио Милева. На хартија прекрасна фем-центрична радио програма водена од три политички коректни дами. Со Румена се скарав апропо култот кон Огнен (Lipsynca не е Уснија, господе боже, а и е навредливо). Јана е срце. No comment. Ирена Цветковиќ ми е најголемото разочарување. Why not friend, when friend shaped? По сите критериуми ми е најразумна. Најнормална. Chic. Убава. Сепак, знам со кој шуруваше. Се надевам дека новата специјална личност во нејзиниот живот ќе ја врати на прав пат. Almost normal. Ужи круг двојке? Секако. Индикативно на подлабок проблем? Дупло секако.

Кога паметни и образовани луѓе шуруваат со злото за финансиска добивка, токму тогаш се раѓа перфидноста.

Настан број два. Матурска на едно транзициско внуче. Ex – Yu дониран стан во Градски ѕид со дискутабилно боречко педигре. Виснати гради во Ла Перла зад техничко. Академска внуко-ќерка со razor sharp феминистички колумни. И меѓу гостите, г-жа Камчева и Латас. Не дека треба да се примени cancel culture тука. Си имаат публика и еден цел микрокосмос овие луѓе. Ама мешањево. Језиво.

На кратко, политичка коректност која шурува со злото и матурски трпези на порцеланот од Женева во присутство на дотичните – гадост. Ете, тоа е Македонија. Не знае што е P&L, но и тоа како знае да жонглира ниски страсти и интереси.

Алал да ви се гратис линиите бело, политички коректниот наратив и толерирањето на непријателот во трпезариите. Јас, не можам. Дали сум (сме) вид на изумирање. Можеби.

Но затоа знам, дека можам да живеам било каде освен, дома. Тие не. Барем не, без испраните пари за станови во терцијарни провинции во Холандија.

Бидете чесни. И бидете врвни во тоа што го работите. Бидете чесни. Некогаш, на еден “even playing field” ќе се исплати.

(Авторот знае да го реши Шродингер за Јаглерод 6, но одбра да црта гаќи. Горд татко е на 3 мачки и луда папагалка со субмисивен дечко папагал. Лош шеф и сопруг на една измачена бугарска мечка. Многу чкарт педер, кој пие, арчи и се тепа.)

*Мислењата изнесени во текстовите се лични коментари на авторите и не го претставуваат ставот на сајтот suteren.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *