Не знам дали е од годините, но секој ден се повеќе и повеќе се разочарувам од луѓето. Од најблиски пријатели, роднини, до малку познати фаци кои ми биле репер дека градот се уште држи некое ниво.
Да се разбереме, во Скопје не живеам од 90-тите. Го фатив последниот урбан здив на градот, на распусти во доцните 90-ти, кога како студент, со лондонска гардероба, “искачав у Аквадро” со надеж дека живеам (условно кажано) во град во кој има сцена, шема, шмек, иднина. Сите знаеме што се случи потоа.
Милениумот донесе војна, национализам, антиквизација И ред други хорори. Се сеќавам, кога конечно стапнав во МК, после 14 години само – пропишан егзил, првата келнерка од која нарачав, не го разбра мојот пар – екселанс скопски, атавизам од 90-тите и морав да свртам на битолски (да пуританци, не сум стар скопјанец, моите се дојденци од 1946 – та) за да ме разбере.
Првата мисла ми беше дека зборувам како Хер Шика кога се врати од Германија со невестата Елза (РИП, падна од прозор додека чистеше. Не, чекај, тоа беше Дара!). И јас се вратив со невеста, со мустаќи, по име Мартин, со диоптер 14 и поглед меѓу збунет ној и туцана шницла. („Кај гледаше, волу!?“, што би рекла госпожа мама). Аџаба, не било тоа.
Во тие 14 години и уште поекстремно сега, нашето Скопјенце си доби инекција десничарско гласачко тело, посадено во новите кутии градени од градежната мафија, а наводнувано (дека насадено де) со чиновничките платички и ѓубрено (хехенце) со закани, ако не ми најдеш 10 гласа, веќе не работиш тука.
Елем, ги гледам во „Веро“ со фризурчињата, седефастиот кармин и мажот со стомаче, дијагоналка, ¾ фармерчиња и гриндр профил, пошто кој ќе ја е*е таа административна аждаја, си викам?
Дебар маало е полно со буџетари, НВО средна класа што нема во живот работено ниту котирано на пазар на труд, неколку градски легенди (доста офуцани и олињали, ама наши се де) и познати ТВ лица, најпознати по неплаќање сметки кои на “Bat phone” се јавуваат на министер за Внатрешни, за да се жалат дека кафанџијата ќе ги тепа и си викаш, со колку од овие нема да ми биде срам да седнам на кафе во Париз или на вечера во Њујорк!? Одговорот за жал е – со 99,9 отсто од нив…
Живеам во Бугарија. Исто срање, само со две – три згради плус, од виенската сецесија. Ние боље се облакаме се уште, ако можеш Rick Owens да си купиш.
Него зборот ми беше друг. Екатерина Захариева на телевизија збори англиски. Лошо. Многу лошо. Иначе убава. На место. И си викам сега, да ги нервирам Бугариве, ќе им го пуштам нашиот Димитров, King’s College државна стипендија “grace a” на Радка “цигулката”, (Ганка ли е, Радка ли е, сите Бугарки у политика добро баратаат со гудало) “Cum Laude” министер… И што да чујам… Место што би рекле ние со вистинско Ц2+ на англиски, место “glass cut vowels” ни се обрати “a second hand car salesman from Arnhem”.
Се засрамив така, доста солидно, со боцки под пазувите и бордо уши. Прашањето што по скопски ми се наметна е: „Кога све отиде у курац!?“ или во поцивилизираниот свет: „Where did it all go wrong?“
( Игор Пачемски знае да го реши Schrodinger за Јаглерод 6, но одбра да црта гаќи. Горд татко е на 3 мачки и луда папагалка со субмисивен дечко папагал. Лош шеф и сопруг на една измачена бугарска мечка. Многу чкарт педер, кој пие, арчи и се тепа.)