После еб*ње, нема каење. Така беше, нели?! Стара скопска, шизичка, со вкус на шток и немиени заби, пот од Академија и ноќен автобус. Всушност, вкусот на стангнација на неколку генерации пред мене. Мојата ги дочекуваше утрата со хемискиот вкус на вчерашната дрога, црни наочари и урбано шмугнување. The lost boys and girls, изгубените момчиња и девојчиња на нашите генерации.
Растени за едно општество, растени за пофини работи. Фрлени во ова лудило, небаре една сурова временска машина преку криминогената транзиција, распадот на се што вреди, преку лажниот сјај на Скопје 2014, не фрли тука. Во 2021- ва. Ноевмри е. После локални избори. Со чувството дека сме таму каде што почнавме.
Небаре сум тоа 13-ет годишно дете на Коцката на тогашниот плоштад, соочено со живот во нова држава. Преран испит на зрелост. Прерано соочување со една сурова реалност за крајот на една ера. На моите генерации се им е конфузно. Како да сме замотани во пајажина на клетва. Една патина од замор…
И во таа состојба, сценографијата околу нас се менува со калиедоскопска брзина и нашите веќе изморени мозоци не можат да го процесираат ова сензорно претоварување. Последниве неколку недели ги поминав дома. Решив да си го овозможам sabbatical-от што си го ветив лани. Место да мислам на себе и нашата иднина со Mечката, мислите ми одеа кон Македонија. Кон Скопје. Кон тоа, како по ѓаволите стигнавме тука?!
Отидов да гласав во јакна на Стефанија Насеска-Попадинец. Рециклиран материјал со “Save us” огромни букви на грбот. Небаре претчувствував што ќе се случи. Стевчо и Данела! Како?! Од каде?! Во мое маало?! Зошто?! Американците викаат follow the money. И тоа го направив. И дојдов до следниот заклучок…
Првото масовно акумулирање на капитал се случува по Втората светска војна. Национализација, удбашки шампањ социјализам… Ако загребам малку подлабоко во педигреата на семејствата на кои влакно не им фалело никогаш, без разлика кој е на власт, многу мал дел од нив со од добар род. Поточно, многу мал дел од нив имале било каква видливост пред Втората светска војна. Таа соц – привилегија на нови години во Десарет и конференции во Сава центар, “beswathed” во свила од Југоекспорт, егзистираше во удбашките станови во Градски ѕид од двестотини квадрати или куќи на Водно за кои не плаќаа комуналии иако, беа директни потомци на генерација, која не носеше кондури и имаше вошки. Ахам…
Па така, таа лакирана и шкембосана соц – елита се одмаќини во сите институции во земјата, особено во УКИМ, кој некако беше најимун на сите политички процеси и промени. Потоа дојде Бранковата транзиција. Пичлемиња. Куриња. Диор кравати. Виски и бело. Doing business version 1.0. И секако, после длабоко вградената виша средна класа, се создаде првиот бран на олигархијата!
По Uppingham, поминав неколку месеци на проект на Светска банка за приватизација на бизнисот со текстил. Се’ видов од прва рака. Втор бран на акумулација на капиталот. Бесрамно поголем и секако, неафектиран од пропаднатите конта во Југобанка. Тука веќе можеме да ги дефинираме и првите олигарси како Камчеви, Ѕинго, Мичо, Мукаетови et all…
Ред регрутирани од горенаведената пост – воена удбашка гарнитура, ред нов канцер како последица на украдените фабрики! А испокрадоа се што можеше да се грабне! Едните ќе го водат скопското крило на СДСМ, другите ќе еволуираат во ВМРО. Значи, национализацијата и шампањ – социјализмот, проследени со Бранковистичките привилегии, се вториот степен на акумулацијата на капиталот. Да го наречеме комуњарски… Потоа, ВМРО создава нивен, нов бран олигарси, особено во источна Македонија, кои ние и не ги ни знаеме, а за чие присуство станав акутно свесен во Жан Митрев, бидејки нема чесен начин како тие грутки може да имаат онака, 15 илјади евра за лекување, бидејќи реално, имаат IQ 80-ет.
Потпомогнати од Србија, која со нас си игра како мачка со глушец кој не го убива, но си го тепа со саати…, орбановска Унгарија, бугарска десница и секако, матушка Русија – Македонија се води кон дестабилизација која на сите овие спомнати им одговара.
Историјата се повторува.
Секако дека ова не е прв пат во кој сме фрлени во оган. Значи, ова е еден Yin/Yang на удбашка и ВМРО-вска привилегија поддржана во еквилибриум од страна. Локалните избори во Македонија беа освета на удбашкото крило на СДСМ и на братска Унгарија. До каде стигнавме кога глас на разумот во македонските медиуми е Васко Евтов, а некако најнормален политичар е Пендаровски?! И секако, време е за револуција.
Не апасиева револуција (за него и wannabe Мира Марковиќ, во друга прилика). За една тивка, граѓанска, прагматична. Читајте CV – ија на кандидатите. Реагирајте на привилегиите.
Вчера бев во 8-ми Септември. Ендокринологија. Со тежина на Були Трактор, имам ново – дијагностициран тип II дијабет. Ми требаа долги пет минути да воспоставам ред пред шалтер 4, на 1-ви, бидејки 20 теткици се обидоа да се протнат преку ред. На посочената culpa, дојде до “пиштење – вриштење”!
Нејсе. Со нив, лесно. Врвот беше кога чекав во лабораторија и една 20 годишна кратконога тафталиџанка (внатрешни плетенки, бунда од вештачко крзно, лоша Moschino ташна, али оригинал беше, очигледно мисли дека е Ким К) држеше ред од 15 минути, додека рецепционерката френетично се обидуваше да ја добие нејзината тетка (некој фактор очигледно) за ќофтево да добие упат по мобилен.
Кога еден обичен анонимус како овој здепаст пингвин така се расфрла со локална моќ, замислете какви се the real deal?!
Во ваква ситуација, дигање на копитото во воздух е не само дозволено, туку и препорачливо. Наравоучение? Бранко е крив. И Савова. И Грујо. И Орце. И целиот нов гнасен сојуз. И Русија. И Србија. И Унгарија. И Бугарија. Но пред се, ние!
Овие Yin/Yang поларности со нокти до крв, во состојба се да си ја чуваат привилегијата. А наше е да ги идентификуваме, да ги демистифирцираме, да ги полиеме со вода и да кажеме: „Динг, донг, вештерката е мртва“. Сепак, “Не зори зоро” и “Од нас зависи” беа наши први претставнички песни на Евровизија. Морбидно? И тоа, како!
(Авторот знае да го реши Шродингер за Јаглерод 6, но одбра да црта гаќи. Горд татко е на 3 мачки и луда папагалка со субмисивен дечко папагал. Лош шеф и сопруг на една измачена бугарска мечка. Многу чкарт педер, кој пие, арчи и се тепа.)
*Ставовите изнесени во колумните се лични мислења на авторите и не го претставуваат ставот на сајтот suteren.mk.