Сутерен.мк

Играчите на Иран не ја пееја националната химна

Фудбалерите на Иран не ја пееја својата национална химна почетокот на натпреварот против Англија на Светското првенство во Катар, како начин да ги поддржат антивладините демонстранти во нивната татковина.

Човековите права за кои се борат жените предизвикаа силни турбуленции и вистински хаос во Иран, а тоа се пренесе и на првиот меч кој го одигра националниот тим во Катар.

Играчите им дадоа максимална поддршка на своите сонароднички со непеењето на химната, а добар дел од навивачките на трибините завршија со солзи.

Од друга страна, имаше и такви навивачи на Иран на кои не им се допадна овој гест, па фудбалерите добија и свирежи од трибините во Катар.

Иран е потресен од двомесечни национални протести по смртта на 22-годишната Махса Амини во морална полиција на 16 септември. Амини, 22-годишна Иранка со курдско потекло, почина три дена по нејзиното апсење во Техеран поради наводно кршење на правилата за облекување на жените на Исламската Република, кој го вклучува задолжителниот хиџаб.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *