Синодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија едногласно го избра игуменот Георгиј за нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија, единствениот кандитат предложен од МПЦ.
Иако дел од верниците изминатиов период преку собири го искажуваа своето незадоволство за изборот на само еден кандидат и својата поддршка ја даваа за епископот Партениј сепак, Синодот не ги послуша нивните барања.
Раководен од Светиот дух Светиот архиерејски Синод едногласно и еднодушно го избра архимандритот Господин Георгиј Георгевски за Миторополит на Дебарско-кичевската епархија при Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
Од монашкото братство на Бигорскиот манастир предводено од Партениј упатија кратка честита за изборот на новиот митрополит.
– Почитувајќи ја одлуката на Светиот синод, нашето монашко братство, предводено од Старецот, Епископот Антаниски г. Партениј, му упатува срдечни честитки на новоизбраниот митрополит.
Новозибарниот митрополит Георгиј до неодамна беше декан на Богословскиот факултет, во текот на само неколку дена помина низ духовна преобразба – се замонаши на 27 мај, на 28 мај беше ракоположен за јероѓакон, а на 29 мај за јеромонах. На празникот Педесетница, беше произведен и за игумен од страна на архиепископот г.г. Стефан.