Доколку се уште не сте бојадисале јајца за најголемиот христијански празник, а ви недостасуваат идеи за нивно декорирање, еве неколку предлози…
Јајцата прво сварете ги во посакуваната основна боја и потоа доукрасете ги со делумно потопување во друга или со боички што се користат во прехранбената индустрија, но можете и со обични фломастери и/или акрилни бои.
Откако се добро сварени во прехранбена боја, слободно декорирајте ги по желба.