Сутерен.мк

Изборот на Ислам Абази за САД е збунувачки

Амбасадорката на САД, Анџела Агелер, остро го критикува изборот на нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција на барањето на „360 степени“ за став за тоа.
Како ретко кој дипломат на САД, па и воопшто кој било дипломат во земјава, таа изразува отворено незадоволство од начинот на кој Ислам Абази стана шеф на обвинителството што треба да ја предводи борбата против корупцијата, објавува 360 степени.

– Ние, во Амбасадата на САД, секако дека резултатите ги сметаме за збунувачки, особено откако во изминатите години потрошивме милиони долари на обука на обвинители и други во правосудниот систем. Граѓаните на С. Македонија заслужуваат независен правосуден сектор во кој позициите се пополнуваат по заслуга и квалитет (по мерит), низ транспарентни процеси, без разлика дали се во обвинителство, судство или која било друга јавна институција. Политичкото мешање нема место во овие постапки. Оние што би се вмешале преку вршење притисок, закани или коруптивни зделки на ‘мала врата’ треба да бидат повикани на одговорност од граѓаните, одговара Агелер на прашањето на 360 степени.

Идентични прашања по повод изборот на Абази за шеф на ОЈО за ГОКК, „360 степени“ упатиле и до Амбасадата на Кралството Холандија и до Делегацијата на ЕУ во Македонија.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *