„Трговијата со животинско крзно, увоз и извоз, ќе биде забрането освен кога е во служба на истражувања, образование и одредени верски традиции“, се вели во соопштението на израелското Министерство за екологија, што го пренесува агенцијата АФП.
Со овој строг пропис Израел станува првата земја во светот, која и затвора врата на оваа сурова практика што најмногу примена наоѓа во модната индустрија. (Ритуалната употреба на крзната за шеширите „Штрајмел“, што ги носат ултраортодоксните Евреи и понатаму ќе биде дозволена.)
Израел уште во 1976 година го забрани одгледувањето на животни заради нивното крзно, а целосна забрана за трговија со крзно има во градот Сао Паоло во Бразил и американската држава Калифорнија.
Индија веќе има усвоено слични прописи, но само за крзната од лисица, чинчила и куна.