Во албанскиот град Корча ќе се отвора лекторат по македонски јазик откако претседателот на македонското друштво „Илинден” од Тирана, Никола Ѓурѓај поднесе барање до Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура за отворење на лекторатот на Универзитет Фан С. Ноли во Корча, Албанија.
‘Во името на македонското друштво „Илинден”- Тирана поднесов барање до Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, Македонија и Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура за отворење на лекторатот по македонски јазик на Универзитетот Фан С. Ноли во Корча, Албанија’, напиша на својот фејсбук статус претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај.