Илон Маск, купи 9,2 отсто од акциите на социјалната мрежа „Твитер“.
Веста веднаш предизвика раст на акциите на „Твитер“ за околу 25 отсто на Волстрит при тргувањето пред официјалното отворање на берзата.
Маск купил 73 486 938 акции на „Твитер“ на 14 март, а тој удел на затворањето на тргувањето во петокот вредел 2,89 милијарди долари.
Основачот на „Тесла“ е редовен корисник на „Твитер“ со повеќе од 80 милиони следбеници, иако неодамна изјави дека сериозно размислува да основа нова социјална мрежа.
Кон крајот на минатиот месец, тој ги праша следбениците на „Твитер“ за нивното мислење за тоа дали социјалните мрежи ја промовираат слободата на говорот.