Сутерен.мк

Илон Маск: Воук вирусот е зло. Тоа го уби син ми

Во двочасовен разговор со Џордан Петерсон, Илон Маск проговори за шокантните и трагични случувања во неговото семејство, поточно син му Ксавиер кој бил убеден дека проблемите му доаѓаат од родова дисфорија, а татко му, Илон, бил измамен да потпише да му се даваат блокатори за пубертет, верувајќи дека така го спасуваат од идејата за самоубиство

Илон Маск: Во суштина, бев измамен да потпишам документи (за давање блокатори за пубертет) за син ми Ксавиер, тоа беше пред да сфатам што се случува, ми беше кажано дека го спасуваме од самоубиство…

Џордан Питерсон: Тоа беше лага од самиот почеток. Не постои ниеден клинички психолог доктор кој верува во тоа, никогаш немаше ни докази за тоа. Ако постои повисока стапка на самоубиство, тоа е поради подмолната депресија и анксиозност, не заради родова дисфорија. Сите доктори го знаат тоа ама се кукавици да го кажат…

Маск: Тоа е зло. И се согласувам со тебе дека луѓето кои го промовираат тоа треба да завршат в затвор.

Питерсон: Нема да сопрат додека не се случи тоа. Децата денес имаат онлајн пристап до блокатори на пубертет.

Маск: Во суштина, бев измамен. Не ми беше кажано дека блокаторите на пубертет во суштина се средства за стерилизација. Како и да е. Го изгубив син ми. Убиен е од „воук“ вирусот…

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *