Сутерен.мк

Илон Маск конечно, доби ќерка!

Иако не се заедно, Илон Маск и пејачката Грајмс (33), имаат второ дете. Девојчето се родило во февруари, а малечката добила интересно име, Екса Дарк Сидараел, но ја викаат Y!

Парот веќе има еден син, кој исто така има специфично име, Х Æ А-12.
Девојчето го родила сурогат-мајка, и тоа неколку месеци откако Грајмс и Маск прекинаа по тригодишна врска. Тогаш се шушкаше дека милијардерот веќе има и нова девојка.
Сега повторно се заедно, на одреден начин. Пејачката за нивниот однос вели:

„Веројатно би го нарекла свое момче, но доста сме флуидни. Живееме одвоено. Сепак сме најдобри пријатели, постојано се гледаме. Имаме некаква релација која не очекувам да ја разберат другите луѓе“

Таа додаде дека и двајцата сакаат уште деца, барем три или четири.

Илон Маск и пејачката Грајмс почнаа да се гледаат во 2018 година. Маск освен двете деца со Грајмс има и пет сина од бракот со Џастин Вилсон.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *