На часовите по противпожарна заштита учевме дека кислородот о огнот се најдобри другари. Кога во стаклениот меур на сијалицата би имало кислород, влакното би се стопило штом низ него ќе потече струја. Затоа последниот чекор во нејзиното производство е извлекувањето на воздухот и тоа се прави низ она стаклено цевче во држачот на влакната.
После тоа, цевчето се скратува и затвора за да не влезе повторно воздух во сијалицата, ама и за да може да се вгради навртката. Заостанатиот воздух се отстранува со хемикалија позната како „собирач“.
Сепак, немаат баш сите сијалици вакуум. Вакуумот не е неопходен за сијалицата да функционира. Па така, во сијалиците од 40 и повеќе вати, понекогаш после васењето на воздухот се става мешавина на азот и аргон.
Благородните гасови му овозможуваат на влакното подобро да функционира на повисоки температури, со што се намалува отпаѓањето на честичките волфрам од влакната, а со тоа се продолжува и векот на сијалицата.