Зошто индиските ореви не се продаваат во својата лушпа? По се изгледа затоа што и ја немаат. Па следи: ама нели сите јаткасти плодови имаат лушпа? Имаат. Што тоа значи? Нема да ситничариме, ама должност е да се напомене дека индискиот орев воопшто не е јаткаст плод туку – семка. Да, индискиот орев е семе на крушковидното кешу јаболко, кое и самото е добро да се конзумира. Семката расте од долниот дел на плодот и сосема е откриена и незаштитена. Јаткастите плодови од семињата се разликуваат всушност, по тврдата или кожена лушпа. Под семка се подразбира меко ткиво обвиено со тенка, мека опна, како што е во случајот на тиквата или сончогледот.
