Шеснаесетгодишниот индиски шахист Рамешбабу Прагнананда забележа историска победа победувајќи го светскиот шампион Магнус Карлсен!
Прагнананда ја освои титулата мајстор на 10 години, а против Норвежанецот Карлсен играше во онлајн шампионатот Мелтвотер за вкупна награда од 1,5 милиони долари.
Индиецот, кој ја понесе титулата велемајстор во 2018 година, во 39 потези го победи 31-годишниот противник, носител на пет титули светски првак.
Прагнананда е и најмладиот спортист кој го победил Карлсен од 2013 година кога стана светски шампион.
Норвежанецот претходно беше поразен од индиските велемајстори Висвантан Ананд и Пентала Харикришна.