Сутерен.мк

Инстаграм е рај за педофилите

Социјалната мрежа во сопственост на Мета помага да се поврзе и промовира обемна мрежа на профили кои се отворено посветени на нарачување и купување на содржини со малолетнички секс, покажала заедничката истрага на Вол стрит журнал, Станфорд и Масачусетс универзитетите

Предноста на Инстаграм во однос на досегашните форуми и слични сервиси, е што алгоритмите на социјалната мрежа помагаат во промовирање и поврзување на педофилите и продавачите на детска порнографија.

Ако Инстаграм нема причина да те поврзе со овој интерес, како што е со најголемиот дел од корисниците, тогаш нема ни да имаш поим за постоењето на ваквите профили. Меѓутоа ако некако те има додадено во таа група, тој врши извонредно добра работа во поврзување на корисниците еден со друг и на корисниците со продукциите.

Иако материјалите не се објавуваат јавно, Инстаграм сметките што продаваат педофилски материјали постираат „менија“ со достапните содржини, нудејќи и можност за нарачки за конкретни сексуални акти што би сакале да ги видат. Некои менија имаат и цени за видеа со деца кои се повредуваат себе си или „слики од малолетници кои изведуваат сексуални акти со животни“.
„За соодветна цена, децата се достапни и за средби во живо,“ пишуваат Џеф Хоровиц и Кетрин Блант во текстот на Вол стрит журнал.

Од Мета за Вол стрит журнал признаваат дека имаат проблеми во спроведување на своите правила кои забрануваат педофилија, и дека имаат внатрешна работна група кој работи на проблемот. Тие нагласиле и дека во последниве 2 години изгасиле 27 педофилски мрежи.

Универзитетските професори кои работат на истражувањето и порачуваат на Мета дека тоа што тим од тројца академици со ограничен пристап до платформата можеле да најдат толку обемна мрежа треба да е аларм за Мета, посебно што Мета и Инстаграм имаат далеку поефикасни алатки за мапирање на педофилските мрежи отколку луѓето од надвор.

Во истрагата академиците отвориле тест сметки кои прегледувале само еден Инстаграм профил од конкретната мрежа. Речиси веднаш тест сметките добиле „препорачано за вас“ препораки со профили на продавачи и купувачи на детска порнографија, како и профили кои водат до сајтови за трговија со вакви содржини вон Инстаграм. Следењето на само неколку од предложените профили биле доволно за тест сметките „да се преплават со содржини кои сексуализираат деца.“

Користејќи хаштагови поврзани со малолетен секс, истражувачите од Станфорд откриваат 405 продавачи на сексуални материјали со деца и сметки кои наводно се управувани од деца, од кои дел се 12-годишни. Само 112 од овие продавачи имале вкупно 22.000 уникатни следбеници.

Продавачите и купувачите се само дел од многу поголем екосистем посветен на педофилски содржини. Други сметки од оваа заедница работеле на собирање на про-педофилски мемиња или на дебатирање како да се добие пристап до деца.

На платформите на Мета (Фејсбук и Инстаграм) отпаѓаат 85 проценти од сите пријавени случаи на детска порнографија во Центарот за исчезнати и злоупотребени деца.

Истрагата на Твитер нашла 128 сметки кои нудат педофилски материјал, додека Снапчат бил користен главно за размена на пораки, па не помага за создавање мрежи, а според Станфорд Тикток е платформа на која „ваков тип на содржини изгледа на успеваат.“

Иако проблемот на Инстаграм е што во основа неговите алгоритми премногу добро ги познаваат и поврзуваат корисниците, најголемата слабост на платформата е што нема надзор над клучните зборови и хаштаговите, па така педофилите слободно можат да се користат со своите хаштагови за обележување на содржината и пронаоѓање друга.

Откако истражувачите разговараат со Мета а компанијата ги брише сите корисници и хаштагови кои се појавуваат во анализата, тие повторно отвораат тест сметка. Кога таа тест сметка почнува да прегледува само еден профил поврзан со детска порнографија Инстаграм почнува повторно да препорачува слични содржини.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *