Сутерен.мк

Инфлацијата не застанува

Цените на мало за една година се повисоки за 15,4 проценти а храната во просек е поскапа за дури 32,4 отсто споредено со октомври минатата година. Некои основни прехрамбени продукти се поскапи за 50 проценти, покажува анализата на Државниот завод за статистика. За само еден месец од септември до октомври годинава инфлацијата е 1,4 проценти а цените на мало се зголемиле во просек за 0,6 проценти.

Инфлацијата и покачените цени влијаат врз куповната и платежната моќ на граѓаните па се сега синдикалната потрошувачка кошничка изнесува 51 514 денари односно за да може да преживее четиричлено семејство потребни се речиси три минимални плати од по 18 илјади денари.

На ова треба да се додадат и цените на електричната енергија, топлинската енергија и транспортот кои исто така се драстично повисоки од октомври минатата година. Најголемо зголемување на цената има на топлинската енергија – 30 проценти а електричната е поскапена за 20,2 проценти. Транспортот е поскап за 17,7 проценти покажува статистиката на ДЗС.
Останува да се види дали инфлацијата до крајот на годината ќе ја премине и границата од 20 проценти или Владата ќе се обиде да ја стабилизира со антикризни мерки или замрзнување на максималните цени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *