Ве читам и почитувам. И баш би сакала да ве запознам. Каде можам да ве сретнам?
Мона
Мона дарлинг, пред извесно време бев на една забава (од оние знаете, на коишто треба да се однесувате како да имате вретено напикано во задникот) и случајно една госпојца откри дека токму јас сум „дарлинг“.
Верувајте дека со пинцета и ги собиравме остатоците од нејзините илуминатни протези од подот зашто, вилицата и се распадна кога ме виде.
(А греота, тоа таквите навлаки баш, коштаат.) Значи, ај, да не се запознаваме.
За жал на сите и на општа радост на моите најблиски, не сум појава како Исидора Бјелица, ниту пак салонска пудлица како Опра Винфри, уште помалку Ведрана Рудан за сиромашни или некоја од нашиве домашни, безлични пуфли чии браќа не сакавме ни да ги погледнеме своевремено, и слични театрални кучки на кои приватниве клиники им направија машки деца за да можат да си ги задржат мажулињата.
Јас сум само обична, нормална кучка. А тоа баш и не е за дружење….
(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)