Фејсбук с(р)еќавања…
До „големите“ МКД „газди“:
Вистинските менаџери не им вршат поправка на работниците, туку на условите за работа.
****
Повеќето својата завист ја пласираат како морал и им квачат над главите на оние, на кои навистина нешто им се случува во животот и кои навистина, направиле некакви макети од соништата со пластелинот што им бил доделен.
Олабајте вие, што од татковата (не сте имале храброст да ја наречете ни мајкина) куќа сте се транспортирале директно во таа на сопругот, а притоа, свекорот или кој и да е василевс во вашето опкружување, ви обезбедил здравствено, пензиско и козметичко осигурување до смрт. Тоа се вика – вработување на државно/приватно, без ризици за кредит.
Така, ќе истерате 30 – 40 год. во една иста „фирма“ слугување некому и не правење ништо по што ќе ве запаметат децата, ама што е тоа во споредба со „завесите во дневна“ и „статусот“ на „мене ми чисти жена“?
(Истото важи и за оние, што „едвај“ дочекаа да ги прогласат технолошки вишок – та мажи, та жени – па до смрт не мрднаа со прст да заработат нешто плус за своето семејство. Само чекаа(т) да умрат. Ама, најадени. И да лаат, како децата за џабе ги раѓале.! Пошто, инвестиции се во прашање.)
Дури и гробното место ви е фиксирано.
Ваше е само да јадете, спиете и, умрете. Ко, мечките.
Е, а кај е зависта?
Зависта е што никогаш, ама баш никогаш, нема да дознаете колку сте можеле, како сте можеле, со кого сте можеле, што се сте можеле. (Им завидувате на тие што се обиделе, можеле, успеале-неуспеале сеедно, а во суштина, ништо и не сте можеле. Затоа и сте станале и останале само нечија опашка.)
Ама, како викаат:
Ефтино ќе помине забавата, ако на неа има што поефтини луѓе.
Размислете за својата цена следниот пат кога ќе ве исплати „стопанот“…