Во категоријата „неуништливи живи битија на планетава“ победници се тардиградите илимити водните мечки! Секако дека не личат на мечките што ние ги знаеме, ама па и многумина од нас не личат, кога ќе се сретнеме „очи в очи“, на она што сме го наметнале да личиме!
Овие неверојатни животни можете да ги пронајдете на највисоките планини, но и во најдлабоките океани, во жешките извори и на антарктичкиот мраз. Не им пречи да живеат дури и во Њујорк! Водните мечки се прилагодуваат во секакви услови така што преминуваат во неверојатна, ама неуништлива состојба во која го смалуваат своето тело, преобразувајќи го во форма на круг, ги вовлекуваат своите осум нозе и ја исфрлаат целата течност од себе. Нивниот метаболизам запира и тие на прв поглед се мртви, но всушност, не е возможно да се убијат. Единствената пакост што можете да им ја направите е – да ги згмечите. Механички.
Кога ќе се подобрат условите за живот, се рехидратираат и си ги поправаат штетите од „умртвувањето“. За повеќе детали, прогуглајте, но она што е важно е дека успорувањето на метаболизмот и тоа како може да ви го спаси животот. Е сега, не се баш преубави за гледање ( а и кој од нас е со спор метаболизам), но секако се за восхит!
Затоа што:
• Можат да издржат без вода до 120 години.
• Смрзнуваат на минус 272.8 целзуисови.
• Се загреваат до 151 целзуисов степен.
• Примероци од нив живееле до десет дена на експериментален сателит во 2007 година.
• Издржуваат дози на гама и рентгенски зрачења кои се смртоносни за сите останати облици на живот и т.н. и т.н.
.