Сутерен.мк

Истрага против ТикТок

По истрагата за Инстаграм, која што покажа дека поради активностите на таа социјална мрежа младите запаѓаат во големи проблеми – од депресија и стекнување негативна слика за себе и своето тело до размислување за самоубиство, државните адвокати во неколку американски држави сега покренаа и против една од најпопуларните социјални мрежи ТикТок, со цел да откријат како таа влијае на физичката и менталната состојба на младите и дали оваа апликација ги прекршува законите за заштита на потрошувачите?

Покрај проблемите што може да ги предизвика користењето на ТикТок кај младите, истрагата има за цел да открие дали компанијата била свесна за содржините на таа мрежа.

ТикТок, се разбира, се „длабоко загрижени“ за благосостојбата на нивните корисници и ја „ценат“ заинтересираноста на адвокатите за безбедност на младите и тинејџерите кои објавуваат на нивната мрежа.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *