Сутерен.мк

И Агата Кристи стана “расистка”

Романите на „кралицата на криминалистичката литература“ се најновите класици што се ревидираат за да се отстранат расистичките референци и јазикот што се смета за навредлив за модерната публика.

Издавачката куќа „Харпер Колинс“ ги уреди некои од пасусите во книгите на Кристи, а некои целосно ги отстрани од новите дигитални изданија. Станува збор за детективски мистерии, во кои се појавуваат фиктивните ликови Херкул Поаро и госпоѓица Марлп, кои првично биле објавувани од 1920 до 1926 година, а сега треба да бидат реобјавени во нови дигитални верзии од истата издавачка куќа.

Имено, посебна група читатели-критичари направила промени во текстовите, поврзани со расна припадност, описи на женското тело и одредени придавки кои би можеле да бидат навредливи во денешно време.

Ова е првпат романите на Агата Кристи да бидат изменети, иако книгата „И тогаш не остана никој“ првично била насловена „Десет мали црнци“.

Во ревидираната верзија на книжевната збирка „Последните случаи на госпоѓица Марпле и уште две други приказни“, зборот „домашен“ бил заменет со „локален“.

Пасусот кој го опишува слугата како „црнец“ кој „се насмевнува“ е ревидиран, па во новата верзија на книгата ликот „само кимнува со главата“, без реферирање на неговата раса.

Исто така, во книгата „Смрт на Нил“ е отстрането секое спомнување на „нубијскиот народ“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *