Сутерен.мк

И Велингтон блокиран!

Улиците околу парламентот во Велингтон, Нов Зеланд се блокирани од камиони и кампери, кои протестираат против здравствените мерки, по примерот на случувањата во канадскиот главен град Отава!

Протестот е мирен и до сега нема уапсени и поголеми инциденти.

„Јас сум вакциниран, но сум против луѓето да се присилуваат на тоа“, рече еден од демонстрантите.

Премиерката Јасинда Ардерн изјави дека нема намера да разговара со учесниците во блокадата и дека мнозинството граѓани на Нов Зеланд ја подржале владината програма за вакцинација.

„Вакцинирани се 96 отсто од населението, што ни овозможува денес да живееме со помалку ограничувања“, рече Ардерн.

Во Нов Зеланд вакцинирањето против Ковид-19 е обврзно за луѓето кои работат во јавните сектори, а потврдата за вакцинација потребна е за влез во ресторани и учество на спортски настани или верски ритуали, но не и за користење на јавен превоз, влез во продавници, училишта или пристап до здравствените услуги.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *