Трократниот добитник на Оскар, кој го сними својот последен филм во 2017 година, се обидел да остане незабележан додека ги извршувал своите обврски низ Њујорк, криејќи се зад темните очила за сонце и црната бејзбол капа.
Даниел Деј Луис се појавил за првпат во јавноста по 4 години.
Сепак, идентитетот на 66-годишната ѕвезда го открил фактот дека користел телефон на преклоп, уред поради кој стана вирален уште во 2018 година. Деј Луис исто така бил забележан како се потпишува со своето име додека преземал пакет во Њујорк.
Актерот со потекло од Велика Британија, која ја избричи својата глава пред 6 години, сега има сребрени локни до рамената. Во петокот, Даниел бил виден по вторпат во истиот период од денот, со истата капа и очила, додека одел рака под рака со долгогодишната сопруга Ребека.
Деј Луис се повлече од актерството во 2017 година, по блескавата кариера која траеше повеќе од 3 децении.