Париската модна недела започна на трети март, а завршува денеска и е период во кој голем број познати модни куќи ги претставија своите колекции за есен/зима 2025.
Покрај познатите звучни имиња како Диор, Том Форд, Балмаин,Хермес, Ели Сааб, Валентино, Баленсиага, …, своја ревија имаше и нашиот Златко Јовановски.
За претставувањето на познатите модни куќи продефилираа и многу славни дами, кои присуствуваа на дел од ревиите и оставија моден печат со своите стајлинзи.
Џесика Алба и Наоми Кемпбел беа облечени во софистицирани аутфити од твид, а Викторија Бекам се појави во панталони со мантил и големи очила за сонце, но Џорџина Родригез на пример, покажа доза невкус со стајлингот.