Сутерен.мк

И официјално сме меѓу поглупавите во светот!

Според студијата која во 2019 година ја спроведоа Ричард Лин и Дејвид Бекер, највисок коефициент на интелигенција имаат Јапонците со просек од 106,49!

На листата на топ 10 држави во кои живее најпаметниот народ се Тајван (106,47), Сингапур (105,89), Хонг Конг (105,37), Кина (104,10), Јужна Кореја 102,35), Белорусија (101,60), Финска (101, 20), Лихтенштајн (101,07), а десеттото место го делат Холандија и Германија со просечен Ај-Кју од 100,74.
Просечниот коефициент во светот според оваа студија е 98,16 што нас граѓаните од Македонија не прави потпросечно паметни или меѓу поглупавите земји затоа што просечниот коефициент на интелигенција ни е 81,91. Ние сме 108-ма земја во светот според интелигенцијата и во регионот сме повеќе паметни единствено од Албанија која има коефициент 81,75.

Ние сме помалку паметни од Босна и Херцеговина која има 88,54 коефициент, од Хрватска (95,75,) од Бугарија (90,99), Црна Гора (85,78), Романија (86,88), Грција (90.77) и Србија (98,16). Од нашите соседи Бугарија е на 54. Место, Грција е 55-та, Србија е 59-та, додека Албанија е зад нас на 109-то место. Во регионот Хрватска е Унгарија на 18-то место, Словенија е 23-та, а Хрватска е на 37. Место.

Според интерактивната мапа направена на основа на податоците од оваа студија, најнискиот просечен коефициент на интелигенција е на африканскиот континент.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *